Шпанскиот стручњак и менаџер на Манчестер Сити, Пеп Гваридола призна дека Баерн е најдобриот тим во светот.

„Граѓаните“ се во одлична серија и имаат 20 победи по ред, па многумина го делат мислењето дека моментално се број еден, но Гвардиола не се согласува, верувајќи дека титулата му припаѓа на Баерн Минхен, тим кој е актуелен европски и светски шампион.

“Најдобриот тим во Европа и во светот е Баерн затоа што освоија сè и тие се најдобри. Ливерпул е најдобар во Англија затоа што во моментов се шампиони. Во март никој не е шампион”, рече Гвардиола и додаде:

“Треба да бидеме добри и да се обидеме да ја освоиме титулата, но не можеме да негираме дека сме одлични во последните неколку месеци. Кога играме добро, лесно победуваме, но и кога не сме на ниво, како што е беше против Вест Хем, освојуваме поени и тоа е важно “.

Сити ја бара 21-та последователна победа утре против Вулверхемптон.