Двајца пензионери се степаа во Сплит, поради оштетување на автомобил.

На видеото, што се појави во јавноста, се гледа како двајца мажи се тепаат, се појавува и трет држејќи ја главата, а една жена повикува полиција.

Како што пренесува Индекс.хр мажите се степале поради мала сообраќајна несреќа, односно оштетување на автомобил на паркинг, што е поткрепено со снимка од настанот.

-Тепаш маж поради лим, извикува жената на видеото, а еден од мажите кој моментално зазема борбен став и ја започнува борбата со извик: „Ме го удри автомобилот“.

Полицијата во Сплит-Далмација потврди дека станува збор за инцидент од пред шест дена и дека е во тек кривична истрага.