Претседателот на државата Стево Пендаровски попладнево на автопатот „Струма“ во Бугарија положи цвеќе на местото каде што во автобуската несреќа во ноември минатата година загинааа 45 македонски државјани.

–Почит за 45 македонски граѓани кои трагично ги загубија животите во страшната автобуска несреќа на 23 ноември 2021 година. На автопатот „Струма“ во соседна Бугарија положив цвеќе на местото на автобуската несреќа, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил.

Заедно со шефот на државата, цвеќе на местото на несреќата положи и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Патниците кои загинаа во несреќата на 23 ноември 2021 се враќаа од Истанбул кон Скопје со автобус на „Беса транс“.

Претседателот Пендаровски денеска престојуваше во Софија на ознaчувањето на стартот на работата на гасниот интерконектор Грција – Бугарија.