Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи не наведува експилицитно дека 60 часа ќе биде работната недела, а содржи и една одредба во членот 117, став 2 (што се однесува за тоа колку може да трае прекувремената работа (најмногу осум часа во една работна недела или најмногу 190 часа годишно) која вели: „освен за работи кои имаат специфичен процес на работа“.

Вака претедателот Стево Пендаровски објасни зошто одлучил да го потпише указот за измените и дополнувањата на Законот за работни односи за чие донесување реагираа дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија и некои политички партии.

Одговорајќи на новинарски прашања откако соопшти дека одлучил да ги потпише указите за сите пет закони за изградба на коридорите 8 и 10д, Пендаровски попладнево, на прес-конференција, уште еднаш рече дека никому не му го оспорува правото да поднесе иницијатива до Уставниот суд и да каже дека не држи ова негово толкување за Законот за работни односи.

Тој изрази и лично уверување дека во однос на изградбата на коридорите во земјава, на ниво на квартал или на година нема да се пробијат законските часови.

-Сидникатот и неколку невладини организации минатата година, кога беше донесен „лек специјалис“ за истиот овој проект на „Бехтекл и Енка“ го оспорија целиот закон. Уставниоот суд рече дека целиот закон е во ред, освен членот 12 каде што пишуваше 60-часовна недела. Никому не му го оспорувам правото и сега да поднесе иницијатива до Уставниот суд и да каже дека ова мое толкување не држи. Но, освен што нема експилицитно кажано дека 60-часа ќе биде работната недела по работник, има една друга одредба која можам да ја цитирам – членот 117 во став 2 зборува за тоа колку може да трае прекувремената работа, најмногу осум часа во една работна недела, најмногу 190 часа годишно и вели, тука влегуваме со тоа образложение дека ова може да не биде противуставен член или одредба: „освен за работи кои имаат специфичен процес на работа“. Да преведам – зборуваме за автопатишта, знаете дека нивната градежна сеозна трае три до шест месеци максимум, во јануари и февруари никој не поставува асфалт, така што на ниво на квартал или на година мое уверување е дека нема да се пробијат законските часови, објасни Пендаровски.

За оние кои не знаат, како што укажа, Устаниот суд во својот „арсенал“ има посебни механизм и т.н. времена мерка па може да каже: „до конечна одлука стопираме се“.

– Тоа се опциите, подвлече претседателот Пендаровски.