Барселона и Реал Мадрид го делат врвот на Ла Лига со 38 бодови, после 15 одиграни кола. Педри, еден од талентите и клучните играчи на тимот на Чави, се надева дека ќе ја освои првата титула со Барселона, но не заборави и да прати „предупредување“ за Реал Мадрид.

Advertisements

„Ла Лига е многу важна за нас, ќе дадеме се за да ја освоиме. Кога играме добро и сме физички подготвени, нашиот фудбал станува незапирлив. Точно е дека немаме многу трофеи, но стилот на игра на Барса, приспособувањето на денешниот фудбал, ќе донесе победи и трофеи. Бидете трпеливи и ќе видите. На крајот коментар за себе и што треба да подобри. Сите тренери со кои работев ми кажаа дека треба да напредувам пред голот“, изјави 20-годишниот играч од средниот ред.

Прикажи повеќе