Селекторот на Јужна Кореја, Пауло Бенто ја напушта функцијата по поразот од Бразил со 1:4 во осминафиналето на Светското првенство. Сепак, тој тврди дека одлуката е донесена многу пред денешниот натпревар. Бенто објасни дека денешниот резултат не бил причина за неговото заминување, туку одлуката била донесена уште во септември.

Advertisements

„Тоа е одлука што ја донесов уште во септември. Среќен сум и горд што бев тренер на оваа група. Ќе се одморам и потоа ќе видам што ќе правам. Денешниот резултат е фер. Подобриот тим продолжува понатаму, кој е голем фаворит за титулата. Горди сме на она што го постигнавме“, изјави 53-годишниот тренер.

Со репрезентацијата на Јужна Кореја работи од август 2018. Во овој период Корејците одиграа 57 натпревари под негово водство од кои победија на 35.

Прикажи повеќе