Партијата ГЕРБ, на Бојко Борисов, ќе се жали до ЕУ, откако македонската гранична полиција не го пушти во земјава да влезе европратеникот од оваа партија Андреј Ковачев.

Ова е објавено на Фејсбук профилот на партијата.

-ГЕРБ категорично ги осудува овие постапки на властите на РСМ. Ваквите недозволиви мерки, како и сите дејствија во последните месеци против други бугарски државјани или против граѓани на РСМ кои отворено го изјавуваат својот бугарски идентитет, на ниту еден начин не придонесуваат за европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за развој на добрососедски односи меѓу двете земји.ГЕРБ и нејзиниот лидер направија насочени напори да ја забрзаат европската интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучително и РСМ. потсетуваме дека во 2017 година премиерот Борисов и премиерот Заев го потпишаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Токму за време на првото бугарско претседавање со ЕУ, предметот за проширување повторно беше ставен на агендата на Унијата. ГЕРБ ќе ги информира своите европски партнери, како и комесарот за проширување, пишуваат и од партијата.

На бугарскиот европратеник Ковачев не му бил дозволен влез во Македонија, сакал да се поклони на бугарские гробишта во Ново Село