Парите очигледно победија, а ако навистина нема некаков пресврт голем, Суперлигата станува реалност и од следната сезона ќе почне. Со тоа ќе се нанесе голем удар врз Лигата на шампионите, бидејќи нема да ги има најмалку 12-те најголеми клубови во Европа, шест од Англија, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Тотенхем, Челзи, од Италија, Јувентус, Интер и Милан, од Шпанија, Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Се очекува да им се приклучат уште осум тимови, вреојатно од Германија и Франција за да биде бројката 20 со што ќе се формира форматот, лигашки систем.

Но, УЕФА се закани дека овие тимови кои ќе играат во Суперлигата нема да играат во Лигата на шампионите. Па, ако дојде до такво нешто следната сезона, ЛШ ќе биде ваква.

Англија: Лестер, Вест Хем, Евертон, Лидс

Германија: Баерн, Волфсбург, Ајнтрахт, Лајпциг

Италија: Аталанта, Наполи, Лацио, Рома.

Шпанија: Севиља, Виљареал, Бетис, Реал Сосиедад

Франција: Лил, ПСЖ, Монако

Португалија: Спортинг, Порто

Холандија: Ајакс,

Русија: Зенит

Белгија: Бриж

Турција. Бешикташ

Украина: Динамо Киев.

Преку квалификации веројатно би ги имале: ПСВ, Динамо Загреб, Ренџерс, Селтик, Шахтјор, Салцбург, Олимпијакос, Славија Прага, Јанг Бојс, Мидтјилинад, Омонија, Малме.