Македонската фудбалска репрезентација утре вечер со почеток во 20:45 часот и гостува на Германија во Дуизбург, во рамките од третото квалификациско коло за пласман на СП. Фаворит секако е домаќинот кој има две победи на стартот, против Исланд со 3:0 и Романија 1:0. Македонија на овој дуел влегува со оној несреќен пораз од Романија со 3:2 и победа против Лихтенштајн од 5:0.
Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев верува дека репрезентацијата има сили за изненадување.
-Мораме да веруваме дека можеме да го изненадиме големиот противник, изјави Пандев за официјалната страница на ФФМ.