Раперот Шон Комбс, попознат како Паф Диди, ја покажа својата хумана страна и им помагаше на луѓето кои беа финансиски погодени од пандемијата на коронавирусот.

Имено, музичкиот магнат се здружи со неговата фондација „Шон Комбс“ за да им помогне на 200 семејства кои живеат во Мајами плаќајќи ги нивните комунални услуги. На тој начин, овие семејства нема да имаат проблеми да ги загубат своите домови, пишува „People“.

Но, тоа не е сè. Имено, Диди реши да помогне со донирање пари на сиромашни луѓе за секојдневни потреби, како што се хигиена и прехранбени производи.

За понатамошна корист на заедницата, Диди соработуваше со „TEES“ – организација која има за цел да ги охрабри младите да водат продуктивен начин на живот, да бидат финансиски стабилни и да не паѓаат под лошото влијание на проблематичните врсници.

Раперот организираше хуманитарна акција во април и собра 3,4 милиони долари, а парите беа пренасочени кон непрофитната хуманитарна организација „Direct Relief“, која донира медицински средства на сиромашното население.