Корисниците ширум светот се жалат на проблеми со WhatsApp, а според DownDetector, апликацијата престанала да работи правилно некаде околу девет часот наутро.

Корисниците не можат ни да се поврзат на WhatsApp Web.

Секој што ќе се обиде да користи WhatsApp Web ќе биде пречекан со порака за грешка како онаа прикажана подолу.

Минатата година, WhatsApp падна и во октомври и во ноември, заедно со сите други апликации на Мета, вклучувајќи ги Facebook и Instagram. Во октомври 2021 година е забележан најдолгиот пад досега. Проблемите за корисниците тогаш започнаа околу 17 часот, а апликациите работеа дури нешто по полноќ.