Истражувачот од Институтот за меѓународни економски истражувања во Виена, Бранимир Јовановиќ, во интервју за порталот zoom.mk објаснува како европските земји се справуваат со економската криза предизвикана од војната во Украина споредувајќи со антикризните мерки на македонската влада.
Професорот Јовановиќ вели дека земјите од Европската унија ќе ја ограничат цената на електричната енергија, доделуваат директна помош за семејствата да ја надминат кризата, ги зголемуваат платите и ги оданочуваат формите што прават екстра профити.

Тој тврди дека Австрија досега има дадено од 150 до 300 евра за домаќинствата да се справуваат со поскапување на струјата, а во меѓувреме најавува втор пакет со кој секој граѓанин ќе добие по 500 евра помош, а секое малолетно лице по 250 евра. „За четричлено семејство по 1500 евра, што не е мала сума на пари“ додава Јовановиќ.

Сличен пакет за финансиска поддршка од 65 милијарди евра најавува и Германија, која за секој граѓанин ќе доделува по 300 евра затоа што знаат дека ако нема поддршка, ќе има и социјални протести.
Освен тоа, Австрија за наредната година ќе ги покачи сите плати од 8 до 10 посто, индексирани со инфлација, а доста земји зборуваат и за оданочување на фирмите што прават екстра добивки.

„Досега ЕУ не се мешаше во даночната политика на земјите членки. Сега сваќаат дека мора да ги зголемат даноците, ако не го прават тоа, нема со што да ги помагат граѓаните“, смета Јовановиќ.

Тој не верува дека сегашната криза е најголема досега видена после Втората светска војна затоа што на светските берзи нема недостаток на храна, а цената дури и се намалува.

„Цените на храната кај нас се домашен проблем. Супермаркетите имаат пазарна моќ и ја користат и злоупотребуваат ситуацијата и ги качуваат цените повеќе од тоа што е потребно. Намалување на маржите не е добра мерка затоа што не се спрведува“, вели Јовановиќ.

Тој очекува македонската економија да претрпи големи штети ако поради немање гас се затварат гермснски фабрики затоа што половина од напиот извоз се остварува со таа земја.

„Најголем проболем во Македонија е голема сиромаштија, која изнесува околу 20 отсто, а стапката од ризик од сиромаптија е околу 40 отсто. Исто така имаме и екстремна сиромаштија, луѓето кои живеат со помалку од 45 денари на ден. Пред кризата со тие пари можеа да купат леб и млеко, а сега со тие пари не можат да купат ни леб“, предупредува Јовановиќ.

Според него, за време на кризата големите нафетни компании и банките во земјата ги зголемиле за три пати профитите, кои мора да се оданочуваат со високи стапки за да има владата пари да ги поддржи најсиромашните да ја пребродат кризата./Zoom.mk