Израелската армија денеска соопшти дека за десет недели прва во светот се стекна со колективен имунитет против Ковид-19.

Претставникот на израелската армија Ицик Тургеман истакна дека 81 осто од израелските војници се вакцинирани против Ковид-19 или имаат антитела откако се заразиле. Тој додаде дека следната недела очекува нивниот процент да се искачи на 85.

Според израелската армија тоа значи дека војниците ќе можат да ги извршуваат редовните операции, иако ќе продолжат да носат маски и да ги почитуваат ограничувањата.

Израел со имунизацијата на армијата почна на почетокот од јануару и пет недели подоцна околу 75 отсто од војниците примиле најмалку една доза од вакцината. Вакцинацијата за војниците не е задолжителна.

Околу осиум проценти од војниците одбиле да се вакцинираат, дел од нив се жени во рана фаза на бременост, а останатите одбиле од идеолошки или политички причини.