Без разлика колку сме внимателни, секој од нас барем еднаш во животот бил изманипулиран. Можеби мислиме дека имаме контрола над нашите животи, но луѓето кои се одлични во манипулацијата ќе ги искористат нашите слабости ако можат да имаат корист од тоа. Во астрологијата се смета дека е најлесно да се манипулира со луѓето родени во овие знаци, најмногу поради тоа што се премногу чувствителни и добронамерни.

Риба

Рибите се емотивни луѓе кои стануваат лесна мета за манипулација токму поради тоа што толку длабоко чувствуваат сè. Тешко им е да го напуштат саканиот иако тоа им предизвикува болка. Тие се сочувствителни и паѓаат на секоја тажна приказна, без да ги доведуваат во прашање фактите. Дури и ако луѓето ги изневеруваат повторно и повторно, тие никогаш не губат верба.

Стрелец

Стрелецот е авантурист и ја цени својата слобода повеќе од било што друго. Овие луѓе имаат меко срце и се прилично наивни. Никогаш не размислуваат критички за ништо и веруваат во тоа што им се кажува. Ова им дава можност на злонамерните поединци да манипулираат со нив давајќи им лажни информации бидејќи знаат дека Стрелецот нема да ги истражува понатаму.

Рак

Раковите се чувствителни и грижливи луѓе кои ќе направат се за да ги усреќат своите сакани. Бидејќи најголемиот дел од времето го вложуваат во тоа да ги направат сите среќни, ги пропуштаат знаците дека некој се обидува да манипулира со нив. Нивната несебична љубов кон другите ги заслепува и ги прави лесни жртви на измама.

Вага

Вагите сакаат да одржуваат хармонија. Бидејќи тие можат да ги видат сите страни на ситуацијата, тие можат да бидат прилично неодлучни. Тие не можат лесно да донесат одлука и да се држат до неа бидејќи се плашат да пропуштат подобра шанса. Поради ова, тие се лесен плен за манипулаторите кои ги гледаат како слаби и се обидуваат да ги свиткаат по своја волја.