Трките во Бразил и Абу Даби се последните два предизвици на патеките на Формула 1 за германскиот возач Себастијан Фетел. Четирикратниот светски шампион, кој моментално вози Астон Мартин, ќе се повлече од спортот на крајот од оваа сезона.

„Поминав 16 години од мојот живот во Формула 1. Сега ќе започне нова фаза од мојот живот, ќе ми треба рехабилитација за да се навикнам на оваа голема промена“, изјави поранешниот пилот на „Ред Бул“ и на Ферари за „Шпигел“.

Фетел, кој победи на 53 трки во Формула 1, ги откри и своите идни планови.

„Имам многу други интереси за иднината и едвај чекам да им се посветам. Да се ​​биде дома со три деца не мора да биде воопшто досадно“, потенцираше Фетел.

Германскиот ас на крајот додаде дека може да биде како Михаел Шумахер, кој по заминувањето се врати пак на патеката.

„Немам поим како ќе се чувствувам за 1, 2 или 3 години. Се надевам дека за неколку години повторно ќе можам да кажам НЕ на тркањето“, изјави на крајот Фетел.

Прикажи повеќе