Белоруски активист, шеф на невладина организација која им помага на сонародниците кои избегаа од Белорусија поради репресија, исчезна во Киев, објави неговата организација на Телеграм.

Виталиј Шишов, шефот на организацијата „Белоруска куќа во Украина“, во понеделникот наутро отидош да трча, но не се вратил и не одговарал на телефонските повици.

Центарот за заштита на човековите права „Весна“ соопшти дека пријателите на исчезнатиот активист изјавиле дека тој претходно бил следен од „непознати лица“.

Полицијата започна потрага по исчезнатиот.

Шишов исчезна истиот ден кога на белоруската атлетичарка Кристина Цимануска и беше одобрена хуманитарна виза за Полска.

Таа побара азил по обвинувањата дека претставници на Белорускиот олимписки комитет се обиделе насилно да ја вратат дома од Олимпијадата во Токио.