Денеска во МНР имаше состанок на тема Русија. Веднаш по координацијата во МНР бил повикан рускиот амбасадор Сергеј Александрович Баздникин во земјава.
Претставници на министерството му врачиле протест за објавата која руската амбасада пред два дена ја објави на официјалната страна со која ги евидентираат русофобите во Македонија.
Претставници на МНР на амбасадорот му посочиле дека објавата е непримерна, заканувачка и надвор од дипломатската комуникација.