Министерот за надворешни работи Бујар Османи синоќа беше гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Меѓудругото тој изјави дека изборите во Бугарија ги оптовариле односите помеѓу нашите две држави. Воедно, Османи додава дека бугарскиот народ ја казнил анти ЕУ кампањата на Красимир Каракачанов и неговата ВМРО, бидејќи за него нема место во новиот парламентарен состав, односно не го добил потребниот број на гласови да го помине прагот.
„Не дозволивме да влеземе во приказните на господинот Каракачанов. Пораката од изборите е многу важна, во смисла дека спречувањето на ЕУ перспективата на Северна Македонија, не е тоа што бугарските граѓани го посакуваат. Тоа значи бугарските граѓани не поддржуваат таква политика, и тоа е најсилната порака од изборите. Дека народот не е против европската перспектива, народот бара соработка меѓу двете земји, и се надевам дека тоа ќе се преточи во политички ставови на партиите кои добија глас од бугарските граѓани“, рече Османи.