Товарниот брод „Ever Given“, што го блокираше Суецкиот канал претходно оваа недела, беше ослободен од спасувачките екипи денеска.

Тоа го објави на Твитер провајдерот за поморски услуги Inchcape Shipping.

Останува засега нејасно кога Суецкиот канал ќе биде отворен за сообраќај.