Лајпциг не планира разделба со хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол. Младиот дефанзивец, беше еден од најдобрите играчи на Хрватска на Светското првенство во Катара, што само го зголеми интересот за него кај големите клубови.

Директорот на Лајпциг, Макс Еберл, истакна дека клубот не планира да се раздели со хрватскиот стопер во следните 18 месец. Изјавата на директорот на клубот, ја поддржа Гвардиол.

„Планирам да останам овде. Мислам дека сите ја видоа изјавата на Макс Еберл. Тоа е во ред што се однесува до мене“.

Гвардиол во договорот има откупна клаузула од 110.000.000 евра. Неговиот пораешен клуб, Динамо Загреб, ќе добие 20 отсто од неговиот следен трансфер.

Прикажи повеќе