Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на турнирот во Хераклион, Грција. Ѓорческа во четвртфиналето се соочи со Софија Рокети од Италија, која успеа да ја совлада со 2-0 во сетови (6-1, 6-4).

Advertisements

Тенисерката од Македонија лесно го доби првиот сет, а во вториот откако пропушти да го реши на свој сервис, мораше да оди по потешкиот пат.

Рокети на овој турнир влезе со „вајлд-карта“. Ѓорческа, која е осма носителка, го чека противникот во полуфиналната рунда. Нашата најдобра тенисерка пред нешто повеќе од една седмица освои трофеј во Хераклион.

Прикажи повеќе