Општина Кичево за шеста година по ред ќе додели 50 стипендии на студенти од општината за претстојната академска година. Висината на стипендиите ќе изнесува 3000 денари.

„За да им го олесниме студирањето и да ги стимулираме да имаат повисок просек и во претстојната академска година на 50 студенти од нашата општина ќе им доделиме стипендии во висина од по 3000 денари месечно. Стипендии ќе бидат доделени на две категории студенти и тоа на 25 студенти со висок просек на студирање и исто толку стипендии за студенти што се наоѓаат во потешка економска состојба. Корисниците стипендијата ќе ја добиваат во период од 8 месеци. Инаку ова е шеста година по ред како општина Кичево наградува 50 академски граѓани од општината“,  информираат од општина Кичево.