Општина Кичево за шеста година по ред ќе додели 50 стипендии на студенти од општината за претстојната академска година. Висината на стипендиите ќе изнесува 3000 денари.
![](data:image/svg+xml,%3Csvg%20xmlns='http://www.w3.org/2000/svg'%20viewBox='0%200%200%200'%3E%3C/svg%3E)
„За да им го олесниме студирањето и да ги стимулираме да имаат повисок просек и во претстојната академска година на 50 студенти од нашата општина ќе им доделиме стипендии во висина од по 3000 денари месечно. Стипендии ќе бидат доделени на две категории студенти и тоа на 25 студенти со висок просек на студирање и исто толку стипендии за студенти што се наоѓаат во потешка економска состојба. Корисниците стипендијата ќе ја добиваат во период од 8 месеци. Инаку ова е шеста година по ред како општина Кичево наградува 50 академски граѓани од општината“, информираат од општина Кичево.