Џон „Боунс“ Џонс ја потврди својата репутација на легенда во УФЦ, откако го уништи французинот Сирил Ган на УФЦ 285 за да ја освои слободната титула во тешка категорија.

На Џонс му беше потребно повеќе време да влезе во октагонот, отколку да го суреди Ган, откако мораше да му биде исечена лентата која ја имаше на стапалата. Тој веднаш го собори Ган и се најде на неговиот грб по неколку секунди, за набргу да предизвика предавање од ривалот. На крајот, мечот траеше само 2:04 за втора титула во кариерата на Џонс.

„Работев за ова долго време. Многу луѓе си мислеа дека нема да се вратам, но јас останав посветен на мојата цел и мисија“, вели Џонс, кој ја наследува титулата која остана слободна по повлекувањето на Френсис Нгану од УФЦ.

Џонс беше сметан за најдобриот ММА фајтер во историјата кога си замина од спортот по победата над Доминик Рејес во февруари 2020, велејќи дека нема противници кои го предизвикуваaт. Кога доби шанса да се бори во тешка категорија, тој ја зголеми телесната маса за 20 килограми и се врати за голема победа.

Прикажи повеќе