#ВозможноЕ е тродневен онлајн настан, кој е во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски Промени (klimatskipromeni.mk).

Главната цел на настанот #ВозможноЕ, е да се изгради политичка волја, национална вклученост и ангажман за подобрено прифаќање и спроведување на Ревидираниот национален придонес преку реални дискусии помеѓу клучните национални чинители. Пораката е климатските активности да се согледаaт како можност која треба максимално да ја искористиме воспоставувајќи синергија меѓу сите општествени чинители.

Досега во рамките на настанот се реализирани два дела, во два различни датуми. Првиот дел од настанот се одржа на 21ви април, од 13:00 до 15:00 часот, а вториот дел беше вчера, на 28ми април, во период од 10:00 до 12:00 часот. Истите беа достапни за следење на сите граѓани во живо преку YouTube платформата, на три различни јазици, македонски, албански и англиски јазик.

Темата на која се дискутираше на првиот дел од настанот беше „Националните придонеси за климатските промени во фокусот – #ВозможноЕ да се постигне глобалната цел за климатски промени од 1,5 степени со амбициозна #КлиматскаАкцијаСега“ и истиот беше поделен во три сесии, на кои се развија многу добри дискусии, а во истите учествуваа високи претставници од UNFCCC, македонската Влада и UNDP, како и претставници од приватниот сектор и академските институции.

Вториот дел од настанот беше на тема „Зелено закрепнување – #ВозможноE да се вклучи приватниот сектор во активностите за справување со климатските промени“, на која дискутираа високи претставници на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Влада на Република Северна Македонија, Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), како и претставници од приватниот сектор и академските институции.

#ВозможноЕ ќе го одржи последниот дел од настанот наредната недела, на 5ти мај. Исто така и овој дел од настанот ќе биде достапен за сите и ќе може да се следи во живо на YouTube платформата, на три различни јазици.

ВОЗМОЖНО Е! Вклучи се, следи го во живо настанот и направи чекор напред за доброто на сите!