Во 1985 година тогашниот американски претседател Роналд Реган и првата дама Ненси Реган организирале свечена вечера во Белата куќа, а меѓу многуте гости биле принцезата Дајана и актерот Џон Траволта. Во еден момент од вечерта актерот и принцезата биле главни ѕвезди на подиумот за танцување создавајќи прекрасна сцена која многумина и до ден денес ја паметат…

Џон Траволта вели дека никогаш нема да го заборави моментот кога танцувал со принцезата Дајана. Во интервју за мексиканското издание на списанието „Esquire“, 67-годишниот актер се присети на настанот и призна дека не бил особено подготвен за танцот со принцезата од Велс.

Profimedia
Profimedia

Не знаев дека ќе танцувам со неа. За мене беше голема привилегија и чест и во тој момент помислив дека мора да има многу добра причина зошто ме бараат да танцувам и дека треба да дадам сè од себе. Морав да го водам танцот и да се осигурам дека добро ќе се забавуваме. Но, тоа беше полесниот дел, потешко беше соодветно да ја поздравам принцезата, да бидам самоуверен и да ја поканам на танц“, изјави славниот актер.

Траволта призна дека танцувањето со Дајана било како бајка која со убаво ќе ја памети до крајот на неговиот живот.

Само замислете ја целата сценографија. Бевме во Белата куќа. Беше полноќ. Сцената изгледаше како бајка. Ѝ се приближувам на Диајана, го допирам нејзиниот лакт и ја поканувам на танц. Таа се сврте и ми ја упати таа волшебна насмевка со примеси на тага, и ја прифати мојата покана. И тука сме, танцуваме како да сме во бајка“, се присети Траволта.

Кој можеше да помисли дека такво нешто ќе им се случи еден ден? Мило ми е што тој посебен, магичен момент е дел од моето сеќавање“, додаде актерот.

Ѕвездата на филмот „Saturday Night Fever“ во неодамнешното гостување во холандска телевизија откри дека токму Ненси Реган му рекла дека принцезата Дајана сака да танцува со него.

Никогаш нема да го заборавам тој момент. Чест ми е што имав можност да го доживеам ова и со сигурност знам дека тоа беше кулминација на нејзиниот престој во САД. Затоа чувствувам дека ѝ го разубавив животот, и таа го разубави мојот и многу ми е жал што не е тука“, рече тогаш Џон.

За време на интервју на „Good Morning America“ во 2016 година, Траволта беше запрашан дали има нешто од 80-тите што би сакал да го врати во 2010-тите, тогаш тој рече дека би сакал повторно да танцува со принцезата.