Живееме во ерата на „голема тениска тројка“, а новата генерација никако да го преземе кормилото на „белиот спорт“. Секако, борбата за титулата најдобар на сите времиња продолжува..

Британецот Тим ​​Хенман, некогаш четврти играч во светот, верува дека Новак Ѓоковиќ може да стане најтрофејниот играч во историјата.

– Не би ја исклучил можноста да дојде до 24 грен слем титули, колку што има Маргарет Корт, но тоа е навистина многу тешко. Новак сега има 33 години и треба да освојува по две најголеми титули во следните четири години. Тоа е огромен предизвик – рече Хенман.

Хенман смета дека е многу пореално да ја заврши кариерата со 21 или 22 титули.

– Тоа е остварливо. Новак дури и оваа година одигра многу мечеви, иако имаше малку турнири. Тој е способен да победува континуирано. Тој е главен фаворит на секој турнир, освен на „Ролан Гарос“. Тој број од 21 или 22 титули е достижен. Верувам дека и Надал и тој ќе ја завршат својата кариера со повеќе грен слемови од Федерер, што беше незамисливо до пред една-две години – додаде Британецот.

Српскиот ас Ѓоковиќ досега има освоено 17 грен слем титули, додека неговите најголеми ривали Надал и Федерер имаат по 20.

Федерер нема да настапи на „Австралија опен“!