Полуфиналето на мечот од Мастерс серијара во Мадрид меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз е најдобар меч за 2022 година, по изборот на АТП.

Advertisements

Младиот шпански тенисер по голема битка го доби судирот со поискусниот Србин. Домашниот ас го загуби првиот тај-брејк, потоа возврати со 7-5, за на крај да го освои одлучувачкиот сет со идентичен резултат во тај-брејкот како на почетокот.

Алкараз одигра одлична година која ја заврши на првата позиција. Тој го искористи отсуството на Ѓоковиќ од неколку големи турнири за првпат да застане на врвот на светскиот тенис./Gol.mk/

Прикажи повеќе