Обединетите нации предупредија дека во повеќе од 20 земји во светот ќе завладее глад во следните неколку месеци. Бројни семејства веќе гладуваат во делови на Јемен и Јужен Судан, се наведува во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ООН.

Во извештајот се вели дека околу 34 милиони луѓе се борат со недостиг на храна и се на работ на глад.

Како што пренесува „Гардијан“, гладот ​​е предизвикан од воените конфликти, климатските промени и пандемијата на коронавирусот, а во некои земји од временски непогоди и пустински бури.

– Нивото на страдање е алармантно. На сите ни останува да дејствуваме брзо и да спасиме животи, порача Ку Донгју, генерален директор на Организацијата на ООН за храна и земјоделство.

Северна Нигерија, Јемен и Јужен Судан се меѓу земјите кои се соочуваат со „катастрофа“ поради недостиг на храна, се вели во извештајот на организацијата.

Најзагрозени се земјите во Африка, а глад им се заканува и на Авганистан, Сирија, Либан, Хаити и некои земји од Карибите.