Министерот за економија Крешник Бектеши денеска требаше да одржи прес-конференција на која се очекуваше да соопшти детали околу концесиите за рудникот „Иловица – Штука“. Прес-конференцијата, како што соопшти Владата, е одложена и ќе биде дополнително закажана.
Точката за рудникот Иловица денеска е на дневен ред на владина седница. Министерот Бектеши треба да информира за сите правни постапки од 2012 година.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера потврди дека Владата ќе расправа за концесијата и повтори дека ќе се почитува одлуката на граѓаните доколку се изјаснат против отворањето вакви капацитети во овој регион