Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да може да влезе во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, што значи дека нема да смее да се натпреварува на УС Опен, објави сенаторот од Флорида, Рик Скот.
Тој напиша дека на Ѓоковиќ нема да му биде дозволено да игра во Индијан Велс и во Мајами, но најважен е УС Опен, кој доколку победи ќе му донесе предност на Ѓоковиќ пред Рафаел Надал на вечната листа.
Ѓоковиќ испратил барање до САД за изземање, односно посебна дозвола за влез, но тоа било одбиено./Makfax