Иако официјалната причина за смртта на познатата актерка Мира Фурлан сè уште не е соопштена, хрватските медиуми пренесуваат дека добиле информација од извор близок до актерката дека таа долго време боледувала од вирусот Западен Нил, кој и бил пренесен од заразен комарец.

Тој вирус се пренесува на луѓе и други цицачи со убод од заразен комарец, но тој не се пренесува од човек на човек. Болеста се појавува во летните и есенските месеци, а кај луѓето во 70-80 проценти од случаите поминува без симптоми.

Во околу 20% од случаите, болеста се манифестира со симптоми слични на грип, како што најчесто се треска, главоболка, истоштеност и болка во мускулите и зглобовите.

Само 1% од пациентите можат да развијат посериозна манифестација на болеста доколку вирусот го зафати централниот нервен систем и своевремено развие симптоми на менингитис или енцефалитис, односно воспаление на мозокот.

Постарите луѓе кои веќе имаат други хронични заболувања како дијабетес, хипертензија, хронично заболување на бубрезите или имуносупресивните лица се изложени на поголем ризик од заболување од оваа болест. Пациентите се третираат симптоматски и повеќето од нив се опоравуваат без трајни последици.

Овој вирус е редок во Европа, но во последните неколку години има зголемување на бројот на случаи.

Мира Фурлан починала од последици на вирусот Западен Нил

ФОТО+ВИДЕО | Турбулентниот живот на Мира Фурлан: Не сакаше да се откаже од човекот кој засекогаш го освои нејзиното срце

Последната објава на Мира Фурлан: Ноќта е ведра и Млечниот пат се чини толку близу. Таму наскоро ќе појдам