Два милиона и 400.543 луѓе починаа од коронавирус во светот, додека 108 милиони и 785.960 беа заразени. Од официјалниот број заразени, 66 милиони и 547.800 лица се сметаат за излекувани.

Како што пренесуваат странските агенции, бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.

Соединетите Американски Држави, каде што беше регистриран првиот смртен случај на почетокот на февруари 2020 година, беа најмногу погодени од вирусот. Во таа земја починаа 485.337 лица, а заразени се 27 милиони и 640.521 лице.

По САД, земји со најголем број смртни случаи се Бразил (239.245 смртни случаи и 9.834.513 заразени лица), Мексико (174.207 смртни случаи и 1.992.794 заразени лица), Индија (155.732 смртни случаи и 10.916.589 заразени) и Велика Британија (117.166 починати и 4.038.078 заразени).

Европа има 804.135 смртни случаи и 35.571.937 заразени, Латинска Америка и Карибите имаат 640.943 смртни случаи и 20.163.894 заразени, САД и Канада 163.894 смртни случаи и 28.465.866 заразени, Азија 248.484 смртни случаи и 15.669.503 заразени, Блиски исток 100.909 смртни случаи и 5.099.411 инфицирани лица, Африка 98.501 смртни случаи и 3.753.890 заразени и Океанија 946 починати и 31.878 заразени лица.