Новинарот Фуркан Салиу преку социјалните мрежи упати жестоки критики на адреса на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој во дневникот на Сител за Коридорот 8 изјави дека се крие политички наратив, а тоа е како што вели албанскиот наратив. Димитриевски воедно праша дали со Коридорот 8 практично се оцртува картата на Илиридан.
Салиу на социјалните мрежи напиша:
Толку може… Советник, пратеник, градоначалник, толку му е лимитот.
Како советник најголемо достигнување му е тоа што се сликаше до Циц.
Најголемото достигнување како пратеник му е тоа што го бранеше Талат Џафери на 27 април.
А како градоначалник би сакал да знам до каде се проектите кои ги вети?
До каде е градинка во населба Зелен рид?
До каде е градинката во урбана единица “Бајрам Шабани“?
До каде е градинка во населба Карпош?
До каде е реализацијата на ветувањето модерно спортско игралиште за секој училиштен објект?
Кај се трим патеките и street work зоните?
Колку дневни центри за лица со попреченост и стари лица изгради?
Функционира ли градска кујна за лица од социјално-ранлива категорија?
Се изградија ли две катни гаражи во централното градско подрачје?
Уште колку кружни текови останаа да се изградат од вкупно петте што ги вети?
Дали има асфалт до секој праг во село и град?
Кај се 3 нови градски паркови што беа ветени?
Класичен политички остаток кој што учел демократија од комунисти!
Класичен пример како балкански политичар се обидува да ги маскира своите неуспеси со национализам.