Новинарот на „Ројтерс“, Даниш Сидики е убиен денеска додека известувал за судирот меѓу авганистанските безбедносни сили и Талибанците во близина на граничниот премин на Авганистан со Пакистан.

Advertisements

Авгранистански командант за новинската агенција изјавил дека новинарот и висок офицер во авганистанската војска биле убиени додека специјалните единици на Авганистан се бореле да ја преземат контролата врз областа Спин Болдак. Според неговата изјава, новинарот и офицерот биле убиен од талибанските истрели.

„Даниш беше извонреден новинар, посветен сопруг и татко и сакан колега. Нашите мисли се со неговото семејство во ова страшно време“, пишува „Ројтерс“.

За убиството се огласија и Талибанците преку нивниот портпарол, Забихулах Муџахид, кој изјавил дека не биле свесни дека од другата страна имало и новинар кој известувал за интензивната битка, но и додава дека не е јасно како точно е убиен Сидики.

Прикажи повеќе