Русија во текот на ноќта нападна три населени места во областа Никопол во јужната област Днепропетровск, изјави гувернерот Валентин Резниченко, пренесува Киев Индепендент.

Advertisements

Според гувернерот повеќе од 30 руски гранати се паднати во тие области.

Нема информации за жртви, а детали за штетите се уште се утврдуваат“, рече тој.

Регионот Никопол, контролиран од Украина, се наоѓа веднаш преку реката Днепро од градот Енерходар, изграден околу најголемата нуклеарна централа во Европа, окупирана од руските сили од 4 март. Русија ја користи централата како база за напади врз Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека оваа недела може да биде тешка како и минатата, бидејќи Русите подготвуваат нови напади.

Прикажи повеќе