Постојат многу шпекулации за заминувањето на Кристијано Роналдо на крајот на сезоната од Јувентус.

Наводно и соблекувална е против Португалецот, што Старата дама сигурно нема да дозволи да биде така и во новата сезона.

„Газета дело Спорт“ тврди дека соиграчите се свртеле против Португалецот и дека тој е прилично осамен.

Овој весник наведува дека играчите на Старата дама не се во добри односи со Роналдо. Тие мислат дека, за разлика од нив, тој има премногу слобода и прави што сака.

Така, ден по поразот од Милан (0:3), Роналдо пропушти тренинг за да ја посети фабриката на Ферари во Маранело, но тој не беше сам.

Во негово друштво беа претседателот на клубот Андреа Ањели и извршниот директор Џон Елкан, а остатокот од тимот не го сфати многу добро отсуството на Роналдо.

Порано отсуствуваше од тренинг често поради разни спонзорски обврски. Многу соиграчи сметаат дека не е фер тој да има поинаков третман од нив и поради тоа тие ја оладија нивната врска со португалската sвезда.

Роналдо сега објави на својот Инстаграм профил, а поводот беше 100. погодок во дресот на Јувентус.

Порача дека нема да запре тука, што многумина го протолкуваа како јасна порака дека сака да остане во Јувентус и да собори нови рекорди.

Португалецот е првиот играч кој постигнал 100 или повеќе клупски голови во три различни земји.

Претходно тоа го стори во Шпанија во дресот на Реал Мадрид и во Англија како играч на Манчестер Јунајтед.