Денеска нова трагедија ја потресе спортската јавност по информацијата за смртта на 20-годишниот ракометар на Бутел, Марко Божиновски.

Првичните информации за причините за смртта на Божиновски е срцев удар, кој ракометарот го добил во сон. Божиновски е ракометна творба на Металург, а во Бутел Скопје се пресели пред две сезони.

Пред неполна недела на 24 години почина голманот на РК Охрид, Никола Даниловски-Џамбо.