Македонскиот Drum and Bass бенд Brass Brothers деновиве ги објави својата нова песна и видеозапис “Take my Hand”.
Песната ја следи динамичната енергија по која бендот е веќе препознатлив и на светската сцена.
“Take my Hand” е уште еден одличен спој на дувачки инструменти и моќни вокали, збогатен со иновативни примеси нa Drum and Bass Liquid Funk. Со позитивната енергија, карактеристична за бендот, песната ни ја пренесува најмоќната порака, дека љубовта е таа што ќе не одржи во овие предизвикувачки времиња.
Текстот и музиката ги потпишува Горан Мицевски Кус, додека аранжманот на песната е заедничко дело на Ненад Тодоровски – Todd Haze, Ристе Шандаров и Горан Мицевски Кус.
Видео записот за “Take my Hand” е изработен со финансиска поддршка од Република Клуб Ресторан од Кичево, на кој Brass Brothers им изразуваат посебна благодарност.
“Take my Hand” е третиот сингл од нивниот авторски албум “Balkan Mayhem” и e достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и дигитални музички продавници.
Brass Brothers оваа година издадоа две авторски песни “Inseparable” и “Winner”, кои се најдоа на повеќе странски музички листи.
Brass Brothers е формиран пред 8 години и во него членуваат Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Николче Михајловски (Dj) и Ник де Карло (туба). Brass Brothers функционираат како кавер бенд препознатлив по динамичните живи настапи и зад себе ги имаат авторските нумери Време Невреме на македонски јазик и Inseparable и Winner на англиски јазик.
Во изминативе години Brass Brothers имаат настапено на сите поголеми фестивали и во сите поголеми локали низ државата и пошироко. Деновиве се повторно активни со со нивните живи настапи по подолгата пауза поради состојбата со корона падемијата.