Новиот кус трејлер за „Црниот Пантер 2: Ваканда засекогаш“ (Black Panther: Wakanda Forever) собра над 172 милиони прегледи во првите 24 часа, по објавбувањето, со што го постави првиот свој рекорд за суперхеројски филм на продукциската куќа „Марвел“.

Во продолжението на хит-филмот од 2018. којшто го прослави младиот починат глумец Чедвик Бозман, сега ќе глумат Тенох Хуерта (како Намор). Лупита Њонго, Летиша Рајт, Данај Гурира, Флоренс Касумба, Винстон Дјук, Анџела Басет, Михаела Коел, Доминик Торн, Алекс Нивилани, Мејбел Кадена, Мартин Фримен и други. Режисерската палка повторно му припадна на Рајан Куглер, кој и го пишува сценариото заедно со Џо Роберт Кол.

Прикажувањето на новиот филм е закажано за 22 ноември годинава.