Земјотрес со јачина од 6,2 до 6,4 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 2 километри го погоди турско-сирискиот пограничен регион на 20 февруари, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил во областа Самандаг.

Извештајот дојде неколку часа откако американскиот државен секретар Антони Блинкен ја посети турција.

Блинкен рече дека Вашингтон ќе и помогне на Турција „колку што е потребно“.

Изјавата доаѓа по разорните земјотреси во истиот регион пред две недели, во кои загинаа повеќе од 47.000 луѓе./rse/

Прикажи повеќе