Барселона никако да крене глава од проблемите и во новата година, овој пат поради претседателските избори.

Изборите на кои ќе се избере наследникот на Хосеп Марија Бартомеу се закажани за 24. јануари, но еден од кандидатите бара нивно одложување. Виктор Фонт смета дека поради порастот на заболени од коронавирус во Каталонија не е реално изборите да бидат одржани во предвидениот термин.
– Требаше да направиме да се гласа преку писма, но никој не направи ништо околу тоа. Сега се наоѓаме во загрижувачка здравствена состојба. Очигледно е дека во овие услови, изборите не може да се одржат на 24. јануари – порача Фонт кој според анкетите е втор фаворит.

Од друга страна, главниот фаворит за нов претседател, Жоан Лапорта, е против идејата за одложување на изборите.
– Нашиот тим со голема верба работи на кампањата и би било чудно сега да се одложат изборите. Секогаш сум оптимист, резѕлтатите од нашата кампања се спектакуларни и верувам дека гласањето ќе помина со почитување на сите неопходни здравствени протоколи и нема причина тие да бидат одложени – рече Лапорта.