Руската војска во текот на ноќта извршила ракетни и напади со беспилотни летала во повеќе региони на Украина, активирајќи ги системите за противвоздушна одбрана на земјата, објавија украинските власти.

Андриј Jермак, шефот на кабинет на украинскиот претседател, Володимир Зеленски на Телеграм изјави дека се погодени места на северот и западот на Украина, без да прецизира за кои станува збор, како и централните региони Днепропетровск и Кировоград.

Advertisements

Според Јермак украинската противвоздушна одбрана успеала да пресретне и да собори неодреден број проектили и беспилотни летала.

На западот на Украина, шефот на регионалната воена администрација на Лавов, Максим Козицки, соопшти дека во рускиот напад во текот на ноќта била погодена „критична инфраструктурна постројка“, пренесува Гардијан.

Прикажи повеќе