Мануел Нојер, нема да може да игра на претстојниот меч со Хофенхајм бидејќи болките во рамото се уште не се целосно смирени. Ова го изјави тренерот Џулијан Нагелсман пред саботниот натпревар.  Во исто време, уште еден од ветераните во составот, напаѓачот Томас Милер, ќе биде одморен откако неодамна се врати на теренот по лекувањето на коронавирусот.

„Изгледа дека Мануел ќе го пропушти и натпреварот од Лигата на шампионите в среда против Барселона. Нашата цел е да го подготвиме за натпреварот против Мајнц следната недела. Но, дотогаш треба да почекаме“, рече Нагелсман.

Тренерот додаде дека моментната повреда нема да го спречи Нојер да учествува на Светското првенство во Катар во ноември и декември.

„Мислам дека Милер ќе биде подготвен за мечот со Барселона. Нусаир Мазрауи денеска продолжи со тренинзите, но тој е целосно подготвен за игра“, додаде Нагелсман, кој е поранешен тренер на Хофенхајм.

„Поминав девет одлични години во овој клуб и се радувам на натпреварот. Гостинските натпревари во Хофенхајм се секогаш тешки“, објасни стратегот.

Баерн Минхен е второпласиран во Бундеслигата, со четири бода помалку од лидерот Унион Берлин. /макфудбал/