Европската куќа на фудбалот (УЕФА) има проблеми со финалето во ЛШ. Имено, Турција е ставена на црната листа на земји во Велика Британија поради коронавирусот, а две англиски екипи ќе играат годинава во најпрестижното фудбалско натпреварување, Манчестер Сити и Челзи. Сега, УЕФА е приморана да бара друг град наместо Истанбул. Ова ќе биде втора година по ред Истанбул да остане без финале во ЛШ поради корона.

Вчера, се појави информација дека „Вембли“ во Лондон ќе биде местото каде што ќе се игра финалето. Наводно некои струи прават притисок ова да се реализира. Но, денеска информациите велат дека токму од таа причина, да докаже дека никој не може притисок да прави, УЕФА ќе се одлучи за сосема трет град. Значи, нема да биде ниту Истанбул, ниту Лондон, а во текот на денот УЕФА треба да го соопшти градот домаќин.