Нема никаков аргумент за тоа дека Македонија не може да има своја автокефална црква. Ова го изјави новинарот Марјан Николовски во емисијата Дебати на ТВ Шења.

„Македонија и од 1945 и во рамките на Југославија, СПЦ имала оправдување дека на една територија не може да има две автокефални цркви, бидејќи Југославија беше држава нели. Но од 1990 г. нема никакво оправдување за тој аргумент, затоа што Македонија е независна држава. Нема никаков аргумент дека нема простор за создавање на своја автокефална црква “, вели Николовски.

Според него каноните се користат како алатка за заплашување.

„Они се шизматици, неисправи, не служете со нив. Најлесно е да го фрлиш некој надвор од верата“, вели Николовски.