Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е зимското засилување на италијанскиот Лече кој игра во Серија Б и се бори за пласман во Серија А.
Николов во Лече доаѓа од унгарскиот шампионот, од екипата на Мол Фехервар и денеска беше официјално претставен како нов играч на шестопласираниот тим на табелата во Серија Б.
Тој нема да биде единствен Македонец во Лечењ бидејќи во италијанскиот тим настапува и Леонард Жута.
Најверојатно дебито на Николов за Лече ќе биде претстојниот викенд во натпреварот против Емполи кој е лидер на табелата.