Од власта што се храбрат дека се многу силни и дека народ многу ги сака не се согласија на предвремени избори. Бегаат од избори затоа што знаат дека ова им е последно и дека секој ден, секој месец останување на власт евентуално година би им значело многу затоа што на тој начин ќе продолжат да ја пљачкаат државата и да ги хранат сопствените кариери и суети. И од тука може да се воочи дека имаме класично бегање од предвремени парламентарни избори од страна на власта, истакна Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во утринската емисија на радио Лидер.

Николоски го искоментира и обраќањето на Димитар Ковачевски на 77-то Генерално собрание на ООН. Посочи дека има два чипа на однесување кај функционерите на СДСМ и ДУИ. Едниот чип се вклучува кога не смеат од Владата да споменат ништо што започнува на буквата М, значи не смеат да споменат Македонија, македонски, Македонци итн. А, вториот чип е кога говорат за Македонија со придавката на начин дури и кога зборуваат за временска прогноза. Наместо да кажат дека очекуваат утре да врне и дека тоа е добро за земјоделците во Македонија, тие сета реченица ја кажуваат со придавката пред Македонија.

„Најчесто од власта името на државата во говорите на СДСМ е Република нашата земја. Тоа само докажува дека од власта се луѓе без достоинство“, нагласи потпретседателот.

„Крајно понижувачки е да ја добиете највисоката државна извршна функција, а тоа претседател на Влада, премиер и да имате таква чест да се обратите пред цел свет како што е Генералното собрание на ООН особено на оваа т.н. лидерска недела која е врвот во политиката и да имате неколку минути да кажете нешто за државата од која што доаѓате, и да не го спомнете името па дури ниту името на народот, ниту името на јазикот, тоа покажува за какво понижување се работи. Ама затоа после кога ќе се вратат совршено знаат да ги испеглаат тендерите во многу институции што само зборува дека интересот им е исклучиво финансиски“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека Ковачевски со СДСМ тера гола пропаганда во која што и граѓаните веќе не веруваат.