Дани Олмо направи феноменален потег кога ја напушти Барселона во 2014 година и замина во Динамо Загреб.

22-годишниот офанзивен играч во моментов е член на РБ Лајпциг, а љубителите на фудбалот се добро свесни дека тој реши да ја замени познатата школа на Барса Ла Масија во 2014 година со онаа на Динамо.

Тоа се покажа како одличен потег. Олмо направи голем напредок во Загреб, а потоа направи голем трансфер во РБ Лајпциг.

Во интервју за шпански АС, Олмо откри како настанал неговиот трансфер од Барселона во Динамо.

“Никој не ја напушта Барселона поради Хрватска, никој. Јас го сторив тоа. Штом татко ми ми кажа за понудата, едноставно реков дека одам. Не бев толку исплашен како кога се преселив од Еспањол во Барселона. Не плачев затоа што веќе живеев далеку од дома во Ла Масија. Сакав поголема слобода и чувствував дека ова е природен чекор, иако имав само 16 години “, рече Олмо и продолжи:

“Татко ми ми рече дека Динамо сака да направи проект од мене и дека сакаат да инвестираат сè во мене. Само тоа требаше да го слушнам. Ништо веќе не ми беше важно. Не ми беше грижа што ќе излезам од Барса, штп не знаев ништо за Хрватска, но знаев дека во Барса ризикувам да ме јаде системот и дека можам да станам уште еден играч. Карлес Алена, Марк Кукурела, Карлес Перез играа со мене. Само Алена е во Барселона, и тој е на позајмица. Остатокот од мојот тим е во други клубови или во тимот Б “, истакна Олмо.