реклама

Доаѓа втората сезона на реалното шоу „Soy Georgina“ (I Am Georgina), кое го следи животот на партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез.

Првата сезона, иако наиде на многу критики, постигна голема гледаност, па не е чудно што Нетфликс реши да направи уште една. На YouTube каналот на Нетфликс беше објавен трејлер и беше најавено дека новата сезона ќе пристигне на 24 март.

реклама

Дали ќе зборува за смртта на синот?

На Инстаграм ме следат повеќе од 40 милиони луѓе, но никој не знае што навистина чувствувам.

реклама

На трејлерот се гледаат клипови од плачење на Џорџина и снимки од креветчето на бебето, па се претпоставува дека партнерката на Роналдо ќе зборува за смртта на нејзиниот син за време на породувањето.

“Животот е тежок. Но животот продолжува. Имам мотив да продолжам, да бидам силна. Кристијано ме расположи и ме мотивираше да продолжам со моите обврски”, вели Џорџина во трејлерот.

реклама

Таа рече дека Роналдо и дал голема поддршка и и кажал: „Џио, продолжи со животот, добро ќе ти дојде“.

Лоши критики за првата сезона

Да потсетиме, првата сезона од нејзиното шоу соборуваше рекорди на гледаност и во Македонија, но на IMDb критиките на гледачите се главно негативни, а реалното шоу има оцена 4,0.

“Мислам дека таа не заслужува филм бидејќи навистина е никоја. Разбирам, таа е партнерка на Кристијано, но Кристијано е славна личност и работи напорно за да ги добие парите што ги троши. Од нејзиниот Инстаграм можете да видите дека таа е здодевна домаќинка која ги објавува нејзините луксузни чанти. Тоа е тоа. Тоа го прават Кардашијан. Таа не работи никаква добротворна работа, се грижи само за себе. Неинтересно“, напишал еден гледач.

реклама